Одбегнете го чекањето колони и подготвени отидете на регистрација
Полисата за автоодговорност е всушност полисата која мора да ја извадите за да го регистрирате Вашето возило за учество во сообраќајот. Со оваа полиса одите на технички преглед и врз основа на неа и на техничкиот преглед добивате печат на сообраќајната кој е потврда дека возилото е регистрирано. Инаку, со ова осигурување се осигурува одговорноста на сопственикот, односно корисникот на моторното возило за штетите кои ќе ги причини на трети лица со користење на возилото.
За да ја разбереме важноста на Каско осигурувањето, потребно е да го имаме на ум следниов пример. Сите знаеме дека секој автомобил регистриран за сообраќај мора да биде осигурен, односно дека за да добиете печат во сообраќајната мора да поседувате полиса. Меѓутоа, само малкумина точно знаат каква е таа полиса и од што нѐ осигурува. Полисата за регистрација е полиса за автоодговорност, што значи дека со неа се осигурува вашата одговорност како возач во случај да нанесете штета на трето лице, односно на друг автомобил. Во тој случај, наместо вас, трошоците за поправка ги сноси осигурителната компанија. А кој ќе го поправи вашиот автомобил? Полисата за регистрација се однесува само на возилото на оштетениот, но не и на возилото на причинителот. Токму тука доаѓа до израз важноста на Каско полисата. Каско полисата се однесува исклучиво на вашето возило и ги покрива штетите настанати при сообраќајна незгода во која вие сте причинителот на штетата, како и штетите настанати поради временски непогоди, удар од предмет и злонамерни постапки како кражба или намерно оштетување. Во зависност од пакетот којшто ќе го изберете, со Каското од EOS Брокер можете да го заштитите Вашето возило од уништување или оштетување предизвикано од следните ризици: