KIA

Правно известување

НАЧИН НА УПОТРЕБА

Интернет страницата достапна преку линкот www.kiamotors.com.mk е наменета за лично информирање на корисниците. Пристапот и употребата на оваа веб страница подлежи на начините на употреба опишани подолу, и на законите и/или на правилата. Со ваше поврзување на оваа веб страница, безусловно ги прифаќате во целост условите на употреба.

Сопственикот на оваа веб страница ги поседува сите права за промена или ажурирање на овие начини на употреба без претходна најава, како и право на промена на содржината, производите и услугите прикажани на оваа веб страница.

ПРАВА И ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Сопственикот на веб страницата ги информира корисниците дека најголем дел од содржината на веб страницата:

a) е заштитена со авторски права особено во случај на фотографии, написи, цртежи, анимации

b) и/или е заштитен со закони особено скици / модели на возила кои се појавуваат на веб страница

c) е заштитен со закони поврзани со заштита на трговската марка особено за марката Kia, логото и марки на моделите на возила кои се појавуваат на оваа веб страница.

Елементите кои се заштитени се во сопственост на Kia Corporation или на трети лица овластени од Kia за нивно користење.

Секоја репродукција, репрезентација, употреба, адаптација, модификација, вметнување, превод, комерцијализација, целосно или во делови, во било која форма или на било кој начин (хартиена, дигитална, итн) на марката „Kia“ и /или на моделите од марките прикажани на веб страницата е забрането, освен по претходна написмена дозвола од страна на Kia Macedonia.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

Информациите и фотографиите кои се наоѓаат на страниците на веб страницата се од информативен карактер, не се обврзувачки и се базираат на постоечките технички карактеристики во моментот на превземање или ажурирање.

Опремата на возилата прикажана на веб страницата е во серија или опционал, зависно од верзијата. Како резултат на политиката за постојано подобрување, производите, техничките карактеристики, опремата, опционалите и боите на возилата може да бидат променети во секој момент. Боите може да не бидат верни, бидејќи актуелната технологија не дозволува верна репродукција на боите.

За точниот изглед на моделите и/или верзиите на оваа веб страница, како и нивното ниво на опременост, бои, опционали и дополнителна опрема ве молиме да се консултирате во најблиското продажно место на Kia. Информациите и фотографиите прикажани на оваа веб страница се од генерална природa.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Не сте обврзани да го откривате вашиот идентитет или да внесувате било каков личен податрок за консултација на www.kiamotors.com.mk.

Имате на располагање право на пристап и на промена на личните податоци кои ќе ги внесете со испраќање на пошта на следната адреса:

Киа Моторс Мацедониа ДОО , ексклузивен увозник за марката Kia за Македонија, ул. Перо Наков бр.25, 1000 Скопје, Македонија или на e-mail: marketing@kiamotors.com.mk

Некои податоци кои се од личен карактер се потребни за да одговориме на вашите барања за информации, закажување на состанок и/или за обработка на барање за тест возење или закажување на сервис.

Како што налага законот за заштита на лични податоци, податоците кои се задолжителни се одбележани со ѕвездичка.

Останатите факултативни податоци се бараат со цел подобро да ги разбереме вашите барања за да ја подобриме нашата понуда на услуги.

Собраните податоци се обработуваат електронски. Имате право на пристап, промена, поправка, или бришење на вашите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

За да го имате ова право треба да ни напишете на:

Киа Моторс Мацедониа ДОО , ексклузивен увозник за марката Kia за Македонија, ул. Перо Наков бр.25, 1000 Скопје, Македонија или на e-mail: marketing@kiamotors.com.mk

ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

Ја користите веб страницата на ваша единствена и целосна одговорност. Kia Corporation и Киа Моторс Мацедониа немаат никаква одговорност за било која директна или последователна загуба, вклучително загуба на материјал, податоци, финансиски загуби, кои се резултат на или се во врска со употребата на оваа веб страница или веб страниците кои се поврзани со линкови.

Потребно е да се прибележи дека некои производи или услуги кои се претставени на оваа веб страница може да подлежат на специјални закони, рестрикции и/или забрани во некои земји.

Веб страницата, ви овозможува да испраќате лични пораки преку сервери кои се под нејзина одговорност, со кои имате можност да ги информирате вашите контакти за интересни написи или документи од веб страницата. Киа Моторс Мацедониа нема никаква одговорност во поглед на испратената порака на контактот и нема никаква одговорност за текстот на пораките врз кои нема никава контрола.

ОДГОВОРНОСТ НА КОРИСНИКОТ

Корисниците на оваа веб страница се обврзуваат да ги почитуваат овие услови за употреба и ја посетуваат оваа веб страница под своја сопствена одговорност. Консултацијата на оваа веб страница автоматски имплицира прифаќање на последната верзија на начините за употреба.

Киа Моторс Мацедониа нема никаква одговорност при губење за или во врска со употреба на веб страницата www.kiamotors.com.mk.

Корисниците треба ја заштитат својата техничка опрема од вирус и /или од phishing, и Киа Моторс Мацедониа нема никаква одгорноста од таа гледна точка.