KIA

Целосно новиот Sportage - дизајниран и развиен за Европа

  • Прва европска верзија на Sportage во неговата 28-годишна историја 
  • Нова plug-in хибридна верзија во палетата на Sportage, обезбедувајќи извонредна ефикасност и возење со електрична енергија со нулта емисија на штетни гасови
  • Инспириран од природата, новиот дизајн на Sportage добива смела, софистицирана и органска форма
  • Врвен ентериер со најсовремен заоблен дисплеј што се фокусира на возачот 

Среда, 1-ви септември 2021 – Kia Europe денеска го откри дизајнот на Sportage неманет за Европа, кој е внимателно изработен за да воспостави нови одредници во сегментот на SUV возила на стариот континент. Комбинира елегантен, но мускулест и модерен надворешен дизајн со врвна внатрешност со врвен ентериер што ги содржи најновите достигнувања во технологијата за поврзување.

Развиен на нова архитектура, новиот Sportage има оптимално меѓуоскино растојание и идеални димензии и пропорции за европските патишта. Овој педантен пристап помогна да се создаде теренец кој е совршено прилагоден за барањата на клиентите, нагласувајќи ја неговата секојдневна практичност и употребливост. Таквиот прогресивен и прилагоден пакет, исто така, резултираше во тоа што капацитетот за багажот, просторот за главата и просторот за нозете се значително зголемени во однос на моделот кој е во заминување. Европската верзија е долга 4515 mm, или 85 mm пократка од глобалниот модел - иако е 30 mm подолга од претходната генерација. Меѓуоскиното растојание од 2680 mm е за 10 mm подолго од порано, но 75 mm пократко од верзијата наменета за останатите пазари.

Внатре, новиот Sportage ја добива контролната табла од EV6 каде доминира нежно закривен дисплеј со два дигитални екрани од 12,3 инчи. Многу од клучните контроли се управуваат преку низа копчиња, кои ги менуваат функциите во зависност од потребната задача. Багажникот е околу 10% поголем од четвртата генерација, а Kia тврди дека има над 500 литри простор, во зависност од погонот.

Современите хибридни погонски агрегати дополнително ги зајакнуваат можностите на новиот Sportage, кои служат за намалување на емисиите на штетни гасови и подобрување на економичноста на горивото. Напредниот plug-in хибриден модел (PHEV) претставува уште еден новитет за моделот, каде со капацитетот на електрична енергија може да ги покрие повеќето дневни патувања од дома до работа или за секојдневните потреби за пазарење. Најновите бензински и дизел мотори со внатрешно согорување се исто така достапни во различни верзии на ефикасност и моќност, осигурувајќи дека Sportage комплетно ги покрива барањата на европскиот пазар. Во палетата на погони ќе бидат достапни 1.6 - литарски благ хибриден бензинец кој ќе испорачува 150 и 177 коњски сили, а дизел MHEV ќе биде достапен со 113 и 136 коњски сили. Дополнително ќе има и 1.6 - литарска хибридна опција со 227 коњски сили, како и plug-in изведба со батерија од 13,8kWh која е доволна за 56 километри електрично работење.

За да создаде динамично, привлечно и оптимално возачко искуство новиот Sportage дебитира со бројни високо иновативни технолошки достигнувања. Новата генерациј ан електронската суспензија (ECS) обезбедува оптимална удобност и супериорни нивоа на безбедност во секое време благодарение на нејзината континуирана контрола на амортизацијата во реално време. Новиот теренски режим му дава на Sportage извонредни способности за возење во потешки услови како што се снег, кал и песок, овозможувајќи им на сопствениците да продолжат со повеќе авантуристички активности.

Новиот европски Sportage на Kia кој беше презентиран дигитално, ќе биде изложен на салонот за мобилност – IAA, кој ќе се одржи од 7-12 септември во Минхен. Стартот на продажбата ќе започне подоцна оваа година.