KIA

Kia го претстави новиот идентитет

  • Kia го претстави новото лого и слоган, со што ја најави идната трансформација на брендот
  • Дизајнот на новото лого е со елементи кои ја отелотворуваат довербата и посветеноста на Kia кон клиентите
  • Новиот слоган на брендот е Movement that inspires (Движење што инспирира)
  • Kia постави нов Гинисов рекорд за „Најмногу беспилотни летала кои лансираат огномет истовремено“ за време на шоуто за откривање на логото
  • Новата цел и стратегија на брендот ќе бидат претставени пред светот на 15 јануари 

 

Јануари 6-ти 2021 година - Kia Motors Corporation го откри своето ново корпоративно лого и глобален слоган на брендот што означуваат смела трансформација на производителот на автомобили и потполно нова намена. Воведувањето на новото лого ги претставува амбициите на Kia да достигне лидерска позиција во идната индустрија за мобилност со обновување на скоро сите аспекти на нејзиниот бизнис.

Дизајнот на новото лого на Kia се базира на три концепти - „симетрија“, „ритам“ и „издигнување“. „Симетријата“ на логото ја одразува конвергенцијата на потребите за мобилност на клиентите со одговорноста за животната средина. „Ритамот“ го отелотворува духот на Kia кој се движи во согласност со желбите на клиентите, а концептот на „Издигнување“ на новото лого, со единствена поврзана линија, ја симболизира посветеноста на Kia да донесе моменти на инспирација на клиентите.

„Новото лого на Kia ја претставува посветеноста на компанијата да стане икона за промени и иновации“, вели Хо Сунг Сонг, претседател и извршен директор на Kia. „Автомобилската индустрија доживува период на брза трансформација, а Kia проактивно се прилагодува на овие промени. Нашето ново лого ја претставува нашата желба да ги инспирираме клиентите бидејќи нивните потреби за мобилност се развиваат“.

Новото лого беше откриено за време на рекордна пиротехничка изведба на небото над Сеул, Кореја. За оваа цел беа искористени 303 беспилотни летала кои лансираа стотици огномети во синхронизиран уметнички приказ, обележувајќи го новиот почеток на Kia. Со ова се постави нов Гинисов рекорд за „Најмногу беспилотни летала кои истовремено лансираат огномет“. Блескавиот приказ може да се види на YouTube каналот на Kia Motors Macedonia: https://youtu.be/AwISeZjrelA

 Новата цел и стратегија на брендот ќе бидат откриени на 15 јануари

Во прилог на целосно новото лого, Kia го откри и својот нов глобален слоган на брендот, Movement that inspires (Движење што инспирира). Деталите за новата стратегија на Kia, вклучително и целта и филозофијата на брендот, како и примената на идната линија на производи, ќе бидат споделени преку дигиталниот настан New Kia Brand Showcase што ќе се одржи во 01:00 часот по полноќ во петок јануари 15, 2021 година. Настанот може да се следи во живо на каналот Kia Global YouTube.

Лансирањето на новото лого следи по објавувањето на долгорочната деловна стратегија на Kia „План С“ во 2020 година. Според планот, Kia, меѓу другите цели, има амбиција да заземе водечка позиција на глобалниот пазар на автомобили. Ова е насочено кон популаризација на електричните возила и воведување широк спектар на услуги за мобилност, прилагодени за задоволување на потребите и вкусовите на индивидуалните и локалните пазари.