Најголемиот автомобилски настан Avto Plus Street Show по пауза од 2019 година повторно се одржува под отворено небо од петок до недела (03.06 – 05.06.2022 година). На настанот ќе земат учество еминентни автомобилски куќи, мотоцикли, додатоци и придружна опрема за автомобили и мотори.
Киа Македонија ќе земе учество на овој настан претставувајќи ги новитетите во својата гама. За време на тридневниот настан посетителите ќе имаат можност да се запознаат одблиску со моделите: SORENTO, SPORTAGE GT Line, CEED GT Line и XCEED. Дополнително секој заинтересиран посетител ќе има можност да закаже тест возење.
Ова е одлична можност за директна комуникација со клиентите, разновидна понуда и момент за дружење.
Посетете го овогодинешниот Avto Plus Street Show 2022 лоциран кај СЦ Борис Трајковски од 3ти до 5ти Јуни.