КИА Финансирање

Сонувате за нов автомобил?

Со KIA Македонија, вашиот сон може да стане реалност. Без разлика дали сакате градски автомобил, семеен SUV или спортски модел – сега можете полесно да го возите токму оној KIA што отсекогаш сте го посакувале.

Во соработка со сите водечки лизинг куќи во Македонија, нудиме флексибилни и транспарентни финансиски решенија што се прилагодуваат на вашите потреби и буџет. Изберете ја вашата KIA, а нашите партнери ќе ви помогнат со најповолни услови за лизинг и едноставна постапка.

За да направите калкулација и да дознаете повеќе за опциите за финансирање на Шпаркасе Лизинг, кликнете на следниот линк: https://www.s-leasing.mk/kampanja-kia.nspx



Финансиски лизинг со последна (балон) рата.

Со цел Kia да го направи поостапно остварувањето на вашиот сон, возилото од соништата од сега е подостапно од кога било.

Моделите се достапни за финансирање со *балон рата – флексибилно решение што ја претвора желбата во реалност.

30%

учество

84

месечни рати

✱ 20%

последна (балон) рата

Главни карактеристики на лизинг продукт се следните:

  • Се опфаќаат правни и физички лица;
  • Финансирањето опфаќа само финансиски лизинг;
  • Обврската за плаќање на последната (поголема, *baloon) рата е на Корисникот на лизинг, што значи дека ризикот не се пренесува на Давателот на лизинг (како што е случај при резидуалната вредност кај оперативниот лизинг) туку истиот останува на Корисникот;
  • Согласно карактеристиките на финансискиот лизинг, сите економски права и обврски ги носи Корисникот на лизинг, што значи дека до целосна отплата на лизингот Давателот на лизинг има правна сопственост над предметот на лизинг.
Scroll to top